Две лица се ранети во петокот вечерта во престрелка во строгиот центар на Тетово на булеварот “Илирија”. Според очевидци, лица во автомобил во движење пукале едни кон други а било употребено автоматско оружје.
Од СВР Тетово го потврдија инцидентот, додавајќи и дека предизвикана е материјална штета на три локали и на еден од паркираните автомобили. Увидот траеше до рано утринава а од тетовската полицијата повеќе детали најавија за денеска.
Причините за инциднтот не се познати. Чаршијата зборува дека конфликтот започнал меѓу две групи во едно од казината во центарот на градот.
Comments are closed for this post.