Две лица се ранети во петокот вечерта во престрелка во строгиот центар на Тетово на булеварот “Илирија”. Според очевидци, лица во автомобил во движење пукале едни кон други а било употребено автоматско оружје.

Од СВР Тетово го потврдија инцидентот, додавајќи и дека предизвикана е материјална штета на три локали и на еден од паркираните автомобили. Увидот траеше до рано утринава а од тетовската полицијата повеќе детали најавија за денеска.

Причините за инциднтот не се познати. Чаршијата зборува дека конфликтот започнал меѓу две групи во едно од казината во центарот на градот.