Премиерот Димитар Ковачевски не сака да го осуди говорот на собранискиот спикер Талат Џафери од снимката направена на пленарна седница во Собранието. Претседателот на Владата вели дека недостигаат детали.

– Таа снимка ја погледнав, но не се гледа со кого се разговара, ниту кој разговара. Не можам да дадам коментар, бидејќи нема конкретно кој зборува и со кој зборува, одговори Ковачевски на настан во Велес запрашан од медиумите да даде коментар за овој инцидент.

Аудиоснимката покажа скандалозен однос на спикерот Талат Џафери кон вработени во Собранието.