Врз основа на реципрочната размена на копии од документи од РС Македонија на бугарските државни архиви им се предадени 52.665 копии на различни егзархиски документи.

Ова денеска, одговарајќи на пратенички прашања, го изјавила министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, пишуваат 24 часа. Таа одговарала на прашање на пратеникот од ГЕРБ, Радомир Чолаков, произлезено од барањето документи од луѓе, чии корени биле од реонот на Битола.

Генчовска објасни дека дел од документацијата на црковните фондови на Бугарската егзархија се чува во Државниот архив на РСМ во Скопје. Во неговите оддели во Охрид, Прилеп, Тетово и Штип исто така има архивски фондови, но бугарското МНР нема информација дали тие се оригинални или во копија. Дел од архивите на Бугарската егзархија се пренесени во Белград од страна на Српската православна црква на што Чолаков одговори дека Софија треба да го повика Скопје да си ги побара назад.

Генчовска потсети дека многу граѓани на Македонија чуваат во своите домови оригинални црковни документи, што им служат во кандидатурата за бугарско државјанство по потекло.

Министерката Генчовска рече дека слободен пристап на граѓани на Бугарија до документацијата на дијацезата на Бугарската егзархија на триторијата на денешна РСМ не е опфатен во Договорот за соработка меѓу државните архиви на двете држави, но министерката додаде дека ја следи темата со оглед на значењето на прашањето од национален интерес.