Учениците до осмо одделение наставата во училиштата да ја следат без заштитни маски.

Ова е најновиот предлог, што на денешната прес-конференција го обелодени Комисијата за заразни болести.

Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски, посочи дека мерката носење заштитни маски останува за персоналот во училиштата.

Ова е само препорака, а конечната одлука ќе треба да ја донесе Главниот кризен штаб и Владата.

Од Комисијата велат дека будно ќе ја следат епидемиолошката состојба во земјава.