Во библиска Палестина, на денот 19 јануари, на денот Богојавление (кога Бог се јави), Божјиот Син влегол во Јордановите води. Свети Јован Крстител го крштевал.

На овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.

Со овој празник завршуваат не само дванаесетте „некрстени денови“ туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други празници.