Има настрадани во сообраќајната несреќа која се случи околу 17 часот на патот Скопје – Тетово во која се преврте автобус.

Неофицијално пет лица го загубиле животот, а има и лица со тешки повреди. Се очекува наскоро од МВР да излезат со повеќе детали за страшната несреќа.

Десетина амбулантни возила во моментов се на местото на несреќата. Возилата на Брза помош се на релација од местото на несреќата кон скопските клиники, евакуирајќи ги патниците.

Автобусот кој излетал од автопатот и се превртел е на компнаијата Дурмо Турс.

Неофицијално возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот преминал на другата коловозна лента и се превртел на покрив. Не е познато дали е тоа поради влошена здравствена состојба на возачот или пак на возилото му пукнала гума.