Во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа – автобус полн со патници се преврте во провалија.  Која е причината, засега нема официјални информации.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

Десетици патници се повредени, а неофицијално има и мртви. Екипите на Брза помош се на терен.