Двајцата царински работници кои го посетија Никола Груевски во Будимпешта се прераспределени на други работни места во Царинската управа.   Ова денеска го потврди  директорот Ѓоко Танаскоски.  Едниот од нив е прераспределен од архива во магацин, а царинскиот службеник Александар Трајковски од секторот контрола и истраги исто така е прераспределен на друго работно, но е оставен на ниво на кое бил и предходно.

Александар Трајковски на 11 декември се појави на социјалните мрежи на фотографија. Тој е еден од обвинетите во случајот на СЈО „Насилства и шамари во Центар“, а рече дека бил во Будимпешта за да си ги лекува синусите. И за вториот царински службеник, траат проверките во Царина, тој беше на посета на Груевски во време додека користел годишен одмор и слободни денови.