На денешната прес конференција Зоран Заев соопшти најмалку една лага и реализираше една закана, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Првата лага е дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се заканувал кон пратениците. Гуруто за уцени, закани преку злоупотреба на судскиот и обвинителскиот систем и за ниски пазарења во оваа држава е токму Зоран Заев. Првиот доказ за тоа е како обезбедува двотретинско мнозинство во Собранието за насилна смена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија.

Втората лага е дека Мицкоски нешто различно ветувал од тоа што го говори во јавноста. Единствениот кој отворено лаже, манипулира и замајува на отворена сцена е токму Зоран Заев. И тоа го лаже народот, безочно, безобразно, без грам морал. Колку само ветувања не исполни, а сетете се колку само удирања во гради имаше дека нема да го менува Уставот. Еве денес се покажува дека тоа е лага, изјави Стоилковски.

Според него премиерот Заев и се заканувал.

Заев денес не пропушти и да се закани дека МВР на Спасовски, истото она министерство кое што има редица нерасветлени убиства и кое е партнер во криминалот во Република Македонија, ќе санкционирало такви наводни закани за кои што денеска Зоран Заев зборуваше. Заев директно се закани дека Спасовски ќе апси лидер на опозиција. Ова е доказ дека Заев губи контрола. Човек кој што на овој начин се заканува е најдобар показател дека е уплашен човек. Затоа Заев се заканува, затоа дрско лаже.