Продолжување на стратешкото партнерство на САД со Македонија, поддршка за интеграција во НАТО и ЕУ, за зацврстување на правната држава, владеењето на правото, борбата со корупцијата, но и предупредување за обидите за руско и кинеско влијание во регионот.

Ова се пораките што ги упати американскиот државен секретар Мајк Помпео по разговорите во Охрид со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

Убеден сум дека Северна Севрна Македонија ќе биде силна земја сојузник во НАТО и сигурен сум дека Сенатот на САД оваа есен ќе го одобри Протоколот за членство, со што и формално ќе ви посакаме добредојде во Алијансата – истакна американскиот државен секретар.

Помпео ги нотираше и придобивките од Договорот од Преспа и Спогодбата за пријателство со Бугарија.

Преспанскиот договор е основа за поблиски економски врски меѓу вашите два народа, особено во енергетиката, како и за поголема стабилноста на Балканот и на цела Европа. Го поздравуваме и Договорорт за пријатество и соработка со Бугарија што придонесува за подобри односи меѓу двете земји – изјави Помпео.

Американскиот државен секретар се заблагодари и за учеството на нашата армија во мисиите заедно со војската на САД, во Ирак, во Авганистан и борбата против ИСИС.

Како водечка демократија во светот САД ги поддржуваат државите кои се борат за владеење на правото и борбата против корупцијата. Ги поздравуваме чекорите што ги презема вашата Влада во борбата со корупцијата и сите оние кои ги прекршиле законите и ја злопупотребиле јавната доверба. Борбата со корупцијата е од клучна важност за вашата НАТО и ЕУ интеграција, но уште повеќе за вашата демократија и за граѓаните – изјави Помпео. 

Истовремено Помпео испрати предупредување дека земјава треба да внимава на обидите на Русија и на Кина за неметнување на нивното влијание во регионот.

Претседателот Трамп во ОН рече дека иднината им припаѓа на суверени и независни држави, кои ги штитат своите граѓани и ги почитуваат соседите. Северна Македонија го одразува овој дух. Ние би сакале Северна Македонија да биде слободна и без долгови. САД ќе продолжат да бидат ваш партнер за доброто на вашите граѓани, на регионот и на светот – порача американскиот државен секретар Мајк Помпео на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Охрид.

За шефот на државата Пендаровски и за премиерот Заев, посетата на државниот секретар Мајк Помпео во исклучително важен период за нашата земја, е силен сигнал за поддршката на нашите евроатлантски интеграциии потврда за пријателството меѓу САД и Македонија.

САД се докажан пријател и поддржувач на Северна Македонија, а ние сме посветен нивни стратешки партнер. Американскиот народ е пријател на македонскиот народ, и на сите народи кои живеат во нашата земја.Имамаме политички и историски причини да го одржување и зајакнуваме нашето пријателство. Дел од нив се нашите заеднички заложби и вредности за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот и заеднички активности во борбата против тероризмот и другите закани за мирот ширум светот. Подготвени сме со уште поисилно темпо да учествуваме во сите глобалните иницијативи  кои се конфронтираат на дезинформациите и заканите по демократијата – изјави Заев.

Премиерот нагласи дека со очекуваното полноправно членство во НАТО, нашиот придонес во таа насока ќе добие силен  поттик и нова димензија.

Членството во НАТО е наша суверена одлука за која има силна надпартиска одлука и меѓуетнички консензус. Тоа е за нас постигнување на една историска цел. Голема придобивка не само за нашата земја туку и за зајакнување на слободата и демократскиот просперитет на целиот регион – истакна Заев.