Уривањето дивоградби долж крајбрежјето на Охридското Езеро продолжи и денеска, со активности на дивоизграденот хотел на излезот од Охрид по стариот пат кон Струга.

Откако работниците на фирмата што Општина Охрид ја ангажираше за уривање на дибоградбите пристигна на лице место и почна со уривање, сопственикот на објектот ги информирал надлежните дека сам ќе го стори тоа, со нотарска изјава, а во рок од 20 дена.

Слично беше и со првата акција за уривање на објектот на улицата „Марко Нестороски“, кога исто така откако почна уривањето сопственикот се пријави дека сам ќе ја отстрани дивоградбата, за да избегне дополнителни трошоци.

Уште пред почетокот и за време на деновите на викендот сопствениците на угостителските објекти на потегот од Ј’но до Канео почнаа да ги отстрануваат платформите од објектите, а во тек се и активности за демонтирање и на платформите на плажите на источниот брег на езерото.