Како ново лице на главната политичка сцена во Македонија, кое се појави пред нешто повеќе од две години кога го наследи Никола Груевски на лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има најголем раст на рејтингот кај граѓаните, а тоа го покажуваат најновите анкети спроведени на барање на некои медиуми.

Резултатите на анкетата на Детектор, но и на таа објавена пред десетина дена, на МКД.мк, покажуваат дека Зоран Заев е политичар со најголема доверба, но со пад на рејтингот. Мицкоски, пак, е политичар кој за една година има значителен раст на довербата кај граѓаните.

Анкетите спроведени минатата година покажуваа дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 2,9 проценти кај народот, која за една година порасна на 12,1 процент.