Се чека официјалната истрага да покаже што се случувало вчера во затворот во Шутка, но она што е јасно е дека учесниците во инцидентот имаат различен затворски статус.
Одговор побаравме од Хелсиншкиот комитет за човекови права од каде ни кажаа дека уште вчера стапиле во контакт со директорот на затворот и укажале дека мора да се води сметка, особено затоа што станува збор за деликатни случаи за кои што целата јавност е запозната и може да се очекува да дојде до такви инциденти.
И за нас остана нејасно како настанала тепачката во затворот во Шутка кога притворениците и осудените лица се сосема одвоени. Затворот има осуденички дел, има и притворенички дел. Тие се одвоени бидејќи имаат различен статус“, изјави за ПресингТВ, Уранија Пировска извршен директор на Хелсиншки.
Пировска додава дека од директорот на затворот добиле информација дека инцидентот е испровоциран, но таа вели, тоа не го менува ставот дека безбедноста на затвроениците мора да биде приоритет за установата и мора да се води сметка за оние случаи кои знаат и свесни се дека може да предизвикаат револт и обид за насилство кај другите затвореници.
Од затворот во Шутка побаравме дополнително писмена изјава за случајот. Дотогаш ќе продолжиме да ја следиме состојбата и што всушност се случило. Отворени сме да ги посетиме двајцата поранешни министри доколку тие тоа го побараат од мене“, вели Пировска.
Директорката на Хелсиншки за ПресингТВ открива дека затворот во Шутка не е установа од каде добиваат многу преставки од притвореници или осуденици и дека никогаш немало никаков проблем со нечовечко однесување од страна на стражарските служби. За разлика од Шутка, од Идризово на адреса на Хелсишнкиот комитет често пристигнувале вакви претставки.
Comments are closed for this post.