Пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова упати порака до премиерот Заев но и до лидерот на опозицијата Мицкоски по последните случувања со тепањето на Јанакиески и Спировски но и одземањето на имунитетот на Трајко Вељаноски.

Таа од премиерот побара да седне на маса со сите политички чинители и помирувањето да стане реалност. Од Мицкоски пак му порача дека има поважни работи од тоа да биде сликан и дека е невозможно да се посети притворено лице без судска дозвола.