Говорејќи за важноста и идниот статус на СЈО, кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски порача дека ќе биде донесен законот за обвинителство и тој како претседател ќе го потпише новиот закон. Криминалите  како што истакна до крај ќе се истражат, а СЈО нема да биде само за реваншизам, туку ќе биде и за луѓето од власта.

Она што е важно не го правиме тоа само заради политички реваншизам, да се истражат криминалите во периодот 2006-та и 2016-та. Тоа обвинителство кое ќе гони висока корупција од денес, од вчера од утре ќе биде и за нас, ако било кој од нас ја пушти раката во државните пари. Значи тоа нема да важи само за ВМРО-ДПМНЕ. Ќе важи и за мене и за Заев и за сите бидејќи на поинаков начин ние не можеме да воспоставиме правна држава. Без правна држава нема да ја видиме Европа ни на карта“, рече Пендаровски на митингот во Битола.