Говорејќи за важноста и идниот статус на СЈО, кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски порача дека ќе биде донесен законот за обвинителство и тој како претседател ќе го потпише новиот закон. Криминалите како што истакна до крај ќе се истражат, а СЈО нема да биде само за реваншизам, туку ќе биде и за луѓето од власта.
Она што е важно не го правиме тоа само заради политички реваншизам, да се истражат криминалите во периодот 2006-та и 2016-та. Тоа обвинителство кое ќе гони висока корупција од денес, од вчера од утре ќе биде и за нас, ако било кој од нас ја пушти раката во државните пари. Значи тоа нема да важи само за ВМРО-ДПМНЕ. Ќе важи и за мене и за Заев и за сите бидејќи на поинаков начин ние не можеме да воспоставиме правна држава. Без правна држава нема да ја видиме Европа ни на карта“, рече Пендаровски на митингот во Битола.
Comments are closed for this post.