Благодарам за мнозинската поддршка во првиот изборен круг. Јасна е мнозинската поддршка на овие избори од сите граѓани – Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми и други.

Води концептот кој заедно ќе победи и во вториот круг на 5ти мај. Мнозинството граѓани се изјаснија дека сакаат напред. Концептот за напред ќе ја заокружи победата и така да ја развиваме република Северна Македонија, затоа што во изминатите 10 години земјава немаше претседател, изјави кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски.

Во вториот круг изборот е стесен на двајца кандидати, а разликата меѓу мене и Силјановска е огромна, рече Пендаровски.

Според него, прогресивниот концепт едно општество за сите мора да продолжи.

Ќе бидам европски претседател на сите граѓани. Ајде заедно напред“, кажа Пендаровски