Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прогласи победа на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова. Рече дека тоа е и тоа победа на сите што ја поддржаа.

Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата сите оние измамнички политики чив предводник е Зоран Заев. Ги победивме, но нецелосно ги поразвме затоа ни е потребна победа во вториот круг. Ја победивме хотел коалицијата, доаѓа правдата за Македонија за која се обединивме, окрупнивме и која беше нашата водилка. Оваа победа е голема затоа што е на народот, од денес Македонија има нова реалност. Македонија горда, честита. Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Власта е делигитимрана. Почна падот на Зоран Заев. Ајде да ги поразиме, рече Мицкоски.

Народот според него никогаш не греши и народот никогаш не заборава.