Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашната прес-конференција информираше дека според 98,27 % обработени податоци во Изборниот штаб на Стево Пендаровски резултатите покажуваат: 321.201 гласови за Пендаровски, 316.872 за Сиљановска, 79.169 за Блерим Река.

Тоа се над 4000 гласови предност за Стево Пендаровски. Честитам на фер и демократските избори. Вакви чекори ни доликуваат и уверен сум во вториот круг ќе заокружиме уште една демократска вредност. Европски претседател на нашата држава. Јасно е Пендаровски води во фер политички натпревар во кој се покажа дека сечиј глас е важен. На овие избори се одлучува дали ќе продолжиме напред. Два целосно спротиставени концепти одат во втор круг. Концептот на Пендароивски кој обединува и концептот на Сиљановска кој е деструктивен“, рече Заев.

Заев очекува оние кои во првиот круг го дале гласот за Блерим Река, во вториот круг дека ќе гласаат за Пендаровски.

Мнозинството граѓани ја препознаа разликата и постапија одговорно и гласаа за Пендаровски и очекувам дека оние кои гласаа за Блерим река ќе постапат одговорно и ќе го изберат патот кој води напред.  Ги повикувам сите кои се двоумеа дали да излезат денес, сечиј глас е важен. Од вашиот глас зависи дали земјата ќе ни продолжи напред, излезете и гласајте во вториот круг. Повикувам на големо обединување“, рече Заев.