И покрај тоа што поминаа 75 години од неговото официјализирање, македонскиот јазик за жал се уште е негиран.

Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќањето по повод манифестацијата „Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

-Негацијата не доаѓа од светската лингвистичка заедница, туку од политичките кругови во нашето опкружување, вели Пендаровски, дополнувајќи дека, сепак, науката и вистината се на наша страна.

По повод јубилејот 75 години од официјализирањето на современиот македонски јазик, азбука и правопис, Пендаровски упати апел за вложување на повеќе средства во научно истражувачкте проекти и покрај кратењето на средствата поради пандемијата од Ковид 19.