Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на централниот митинг во Скопје рече дека треба да му покажат на светот дека може да се организираат фер и достоинствени избори на кои ќе се потврди успехот и ќе се завери билетот кон подобра иднина.
Тој очекува поддршка и од Македонците, од Албанците, од Србите, Ромите, Бошњаците, Власите и од сите останати, за како што рече, оти само заедно може да газат напред.
„Градиме едно општество за сите, концепт за успех и прогрес, општество во кое граѓаните се еднакви пред законите, правна држава во која нема место за криминал и корупција, позитивните промени што започнаа пред 2,5 години од држава заробена во изолација и неизвесност сега сме признаена во цел свет. Ги затворивме отворените прашањата, сè поблиску сме до масата на која се одлучува, ЕУ и НАТО не се далечни и неостварливи“, рече Пендаровски.
Претседателскиот кандидат рече дека опозицијата нема реална понуда и ништо што означува прогрес, а тој ветува дека назадувањето ќе биде дел од историјата.
„Сиљановска сака да биде наследничка на Ѓорге Иванов, тоа не ни треба, не ни треба кочничар. Земјата ја извадивме од темното минато, се смиривме со соседите, дадовме пример, најдовме решение, се помиривме дома, отворивме перспективи за ЕУ и НАТО и економијата тргне нагоре, растат платите, невработеноста се намалува, сериозни чекори младите да останат тука“, рече Пендаровски.
Comments are closed for this post.