На телевизиската дебата на Сител телевизија на прашањето поврзано со Законот за амнестија професорката Силјановска Давкова го обвини кандидатот на власта Пендаровски дека тој иако има докторат по право, не знае дека овој закон не важи ерга омнес.

Донесовте закон за амнестија кој не важи за сите, туку требаше да поднесуваат како за помилување барање заинтересираните, вие не знаете што е закон за амнестија, нагласи професорката