Многу сме блиску до формирање мнозинство кое ќе обезбеди натамошен живот на СЈО, рече вечерва Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата од 31 партија на трибина во Ѓорче Петров.

Концептот едно општетство за сите кое го понваме во 2016 година, конечно ќе добие потврда оваа 2019 година, рече Пендаровски. Тој потенцираше дека „неколкумина ги наполнија торбите, заминаа од Македонија и ни оставија руина.

„Во тој дел има добра вест – многу сме блиску до мнозинство кое ќе обедбеди натамошен живот на СЈО, кое ќе продолжи да гони криминалци од тоа време, тие пари да ги вратат назад, оти тие се наши заеднички пари. За жал слушнавме и поинакви вести, кои велат дека во кабинетот на претседателот таму пристигнало барње за амнестија.

Во мојот мандат нема да има амнестија за криминалци кои сакаат да убиваат граѓани. Во првата недела ќе му биде вратено на народот тоа што му припаѓа, а му беше одземено“, истакна во обраќањето Стево Пендаровски.