Вториот ден од официјалната посета на словенечкиот претседател Борут Пахор на Македонија е резервиран за посета на Охрид, каде што заедно со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски се во обиколка на неколку позначајни кулутрно-историски споменици во градот.

Пендаровски и Пахор прошетката низ Стариот дел на Охрид ја почнаа со посета на црквата „Света Богородица Перивлепта“ и Галеријата на икони. Обиколката на Охрид заврши со посета на катедралната црква „Света Софија“.

Високиот гостин од Словенија заедно со претседателот Пендаровски после прошетката се упатија кон Кампот за обука на вода на Армијата на Северна Република Македонија, каде ќе присустуваат на показна вежба на припадниците на специјалните сили на Армијата.

На вежбата ќе бидат демонстрирани постапки што се применуваат во ситуација на заложничка криза на пловен објект. Во акцијата во која ќе бидат ангажирани и летала од воздухопловната единица на Армијата ќе биде презентирана и физичката подготвеност и вештините на припадниците на елитната армиска единица.