Последните информации што ги имам од комуницирањето на француските претставници на состаноците во Брисел кои веќе почнаа во разни форми, други нивоа, се дека Франција се уште нема конечна одлука. Се очекува претседателот Макрон следните денови да соопшти каква позиција ќе зазема Франција, иако нивниот став сега е помек и порационален кон перспективата на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговорите, вели вицепремиерот Бујар Османи за „360 Степени“.

Тој додава дека земјите-членки знаат дека се работи за историска одлука, а се осврнал и на ставот на Холндија.

Холандија има прифатена недоверба кон Албанија пред неколку месеци, а за нас има законски можности за да се поддржи почетокот на преговорите и тука има дилеми како ќе се позиционира сега Холандија со оваа одлука на Парламентот наспроти пакетот. Но, тоа што ние го имаме како информација е дека холандската Влада може да донесе одлука, без да помине уште еднаш низ парламентарна постапка за што мислам дека го олеснува сега пристапот на оваа дебата дали ќе има одвојување или нема да има одвојување, додал Османи.