Дали во ДУИ имаат различен став за односот кон Антикорупциската комисија. Откако „главниот“ во Мала Речица Артан Груби за антикорупционерите рече дека немаат капацитет, дека не испорачале резултати, народски кажано дека не ги бива, неговиот сопрартиец Османи виде не виде реши да соработува со истите луѓе.

Па така, министерот за надворешни работи го испрати целиот материјал за фирмата Еуровиа“ на бизнисменот Елмедин Адеми кој за 1.8 милиони евра ќе го адаптира „Борис Трајковски“ за потребите на состанокот на ОБСЕ.

За Антикорупционерите тоа е сомнително па најави дека ќе отвори случај па Османи беше принуден да ги достави документите за тендерската постапка.

На Османи не му оди во прилог што Адеми е еден од најголемите донатори во ДУИ, а денеска беше објавено дека пари во партијата давала и неговата сопруга.

Османи дополнително се „закопа“ со изјавата дека не знаел оти Адеми е донатор во партијата а се појави и форографија на која комплетното партиско раководство е сликано со бизнисменот.