При последното разрешување и именување на директори од страна на градоначлалникот на Гостивар, Арбен Таравари, немало повреда на процедурите, истакна Аслиан Слупче, раководителката на Секторот за јавни дејности при Општина Гостивар.

На прес конференција одржана денес, таа рече дека неправилно му се одземени на надлежностите во областа на образованието на Таравари, тоа го аргументираше со документација и притоа одлуката на министерот за образование ја окваликува како чисто политичка одлука.

Одлуката за oдземање на надлежностите по вторпат не се базира врз законот, туку е само политичка одлука. Државниот инспекторат за образование, по увидот во основните училишта, утврди дека конкурсите за избор на директори во времето на добивање на надлежностите од општина Гостивар не се објавени врз основа на законот, значи во три дневни весници, туку само во два весника“, истакна на почетокот од прес конферемнцијата г-ѓа Снопче.

Таа извести дека поради таа причина градоначалникот Арбен Таравари донесе решение со кое се прогласува неважечко решението за избор на директори, и од тие причини градоначалникот Арбен Таравари донесе решение со кое се прогласуваат за ништовни решенијата за избор на директори. Снопче додаде дека на ист начин постапил и министерот кој сега донесува одлука за одземање на ингеренциите. Како конкретен случај, таа го наведе случајот со ООУ “Перпарими“ – Чегране.

Исто така, и од страна на Државниот управен инспекторат беше констатирано дека при поништувањето на решенијата,градоначалникот на Гостивар секогаш постапил според законот и не констатирале прекршок“, рече Снопче.

Таа информираше дека Општина Гостивар, знаејќи ги целите на министерот за образование, навремено го информирала премиерот Заев и амбасадите на седум највлијателни држави во земјава.

Ова се доволни аргументи, за кои на увид ви доставуваме и документација, дека одлуката е чисто политичка“, подвлече на крајот од прес конференцијата г-ѓа Снопче.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, му ги одзеде надлежностите на градоначалникот Таравари во делот на разрешување и именување на директори во период од девет месеци.