Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска го завршија увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, соопштија за МИА од ОЈО Струмица.
До крајот на денот и крим техничарите од Министерството за внатрешни работи треба да ги завршат неопходните испитувања и најверојатно од утре веќе ќе може да се започне со расчистување на остатоците од пожарот во „Глобал“.
Comments are closed for this post.