Деновиве видовме високи владини претставници кои позираат во затворени простории и на отворено без маски, која е задолжителна мерка за другите граѓани, за која тие се казнуваат од државните органи. Како што видовме, пред неколку дена премиерот Заев и министерот за здравство, Филипче, позираа без маски и без одржување на дистанца, додека вчера Али Ахмети со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и сите министри од оваа партија, беа собрани заедно, да слават патетичен роденден во време на пандемија, без маски и без одржување на дистанца, сето тоа во време кога граѓаните се казнуваат насекаде токму за неносење на истите, се вели во соопштението на Алтернатива на Африм Гаши.

Затоа, АлтернАтивА го прашува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за кого важи казната за маски во оваа држава?

Дали оваа казна се однесува само на обичните граѓани кои не се на власт или на сите граѓани подеднакво? Доколку вашиот одговор е вториот, тогаш ние очекуваме да ù докажете на јавноста дека Министерството за внатрешни работи ги казнил и овие лица за неносење маска. Само тогаш ќе имате право да продолжите да ги казнувате граѓаните за неносење маска. Напротив, веќе немате морал да изрекувате казни и ова ќе биде доказ дека на вас ви паднаа маските и го открија вистинското лице на владата, која има за цел да ги одере граѓаните со цел да ги засили луѓето од власт, велат од партијата.