Фотографија на која се гледа лице свртено со грб кое стои пред банкомат се појави во повеќе медиуми. Според пишувањата станува збор за пребеганиот екс премиер Никола Груевски.

Фотографијата била снимена завчера во супермаркет на периферијата на Будимпешта.

Груевски во Унгарија има статус на бегалец, а таму се наоѓа од 11-ти ноември каде избега наместо да замине на отслужување на затворската казна. Властите во Макеоднија се уште не кажуваат детали како Груевски им избега на институциите со првосилна пресуда.

Пред три седмици Груевски беше снимен додека руча во скап ресторан во главниот град на Унгарија, претходно на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа поранешниот премиер како се шета низ Будимпешта.