Поранешниот премиер Никола Груевски денеска е снимен како руча во еден луксузен унгарски ресторан. Екипата на унгарскиот медиум 24.hu го забележала Груевски, која при излегувањето од ресторанот го прашува дали Унгарија му помогнала во бегството и како успеал да избега од Македонија. Но екс премиерот не одговара на прашањата.

Груевски не бил сам, него го придружувале неколку лица за кои се претпоставува дека го обезбедуваат, а имал и личен возач.  Груевски, како што објавува медиумот  влегол во возило од марката „Фолксваген шаран“.