На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледа поранешниот премиер Никола Груевски како се шета низ Будимпешта.

Груевски пред еден месец се јави преку фејсбук од  Унгарија. Инфотрмираше дека побарал политички азил, а наскоро потоа и дека Унгарија му го одобрила барањето.

На фотографијата човекот што се гледа зад Груевски, според објавите на фејсбук личи на Александар Трајковски, еден од обвинетите за случајот „Насилството во Општина Центар“.