Александар Никололски од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги новите мерки против корона вирусот и дали ги смета за репресивни вели дека тоа на дело се гледа во фијаското на власта .
Во однос на справувањето со корона кризата, кога ВМРО-ДПМНЕ апелираше некаде во месеците декември, јануари и февруари да се набават вакцини со цел да се имунизира населението, власта преку документи кои што ги видовме и во медиумите трчаше по провизии. Тие провизии значеше Македонија да не добие на време вакцини и да се случи еден голем бран во текот на пролетта кој што чинеше илјадници човечки животи и стотици илјади заболени граѓани во Македонија кои што се уште ги чувствуваат последиците Времето не се искористи ни во текот на летото да се имунизира населението и затоа сега се оди со едни насилни мерки кои што ги гледаме, кои се репресивни мерки, недоброволни мерки, што покажува за едно целосно фијаско во врска со справување со корона вирусот и со целата оваа пандемија, и затоа целата оваа одговорност е насочена кон власта
Comments are closed for this post.