Мора да се искористат сите капацитети коишто стојат на располагање. Мора да му се помогне на Прилеп, како и на цела Македонија и тука нема место за политика, сега е време да се спасуваат животи, рече во своето обраќање потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Драги прилепчани, јас сум сигурен дека и оваа битка ќе ја добиеме. И од оваа битка, исто како во историјата, Прилеп и денес ќе излезе како победник. Прилеп се соочува со голем предизвик, да се спрочи натамошното ширење на вирусот и да се сочува живото на оние кои се заболени. Им посакувам опоравување на сите, им изразувам сочувство на семејствата на починатите“, рече Николоски.

Посакувам што помалку лоши вести да пристигнуваат од Прилеп. Да се случи тоа, потребно е што помасовно тестирање на луѓе кои директно би можеле да бидат под ризикот. Тестови мора да се набават, да се направи ова тестирање и да се откријат сите жаришта. Бројот на тестирани во Прилеп треба да се брои во илјадници, а не како што е сега. Колку повеќе тестирани, толку подобра слика за да можат здравствените работници да им помогнат на сите“, додаде Николоски,

Повика во Прилеп од другите градови во земјата да се испрати соодветен медицинки персонал, во прв ред инфектолози. Повикува, исто така, да се зајакнат капацитетите и на Битолската клиничка болница, како најголемата болница во околината на Прилеп, како и да се подготват капацитети на скопската клиника за прием на новозаразените од овој град.

Николоски апелираше и резултатите од тестирањата на прилепчани да стасуваа порано, затоа што има информации дека се чека меѓу пет и седум дена за разултатите.

Тоа е недозволиво долго време и драгоцено време, за откривање на присуството на коронавирусот и веднаш да се започне со терапијата. Да се дозволи поголема слобода на матичните лекари за закажување на тестирање преку системот ‘Мој термин’“, рече Николоски.

Оцени дека неопходно е да се направи скрининг на здравствениот перосонал затоа што тие се нашите херои за кои Министерството за здравство, како луѓе од првата линија на фронтот против епидемијата, мора да обезбеди заштитна опрема.

Николски истакна и дека е потребна и итна економска помпош за прилепското стопанство, и тоа „од најмалиот дуќан во Прилепската чаршија до најголемата фабрика“, затоа што сите тие имаат потребна од поддршка. Притоа потсети дека особено се погодени дужанциите, малите и средни семејни бизниси, и сите коишто живеат од сопствениот труд.

„Ова се тешки денови за нив, а за жал доаѓаат уште потешки. Потребни се посебен сет на мерки и субвенции за сите нив, затоа што стопанството мора преживее, да се опорави за по завршувањето на кризата граѓантие да ги задржат своите работни места. Мора да се искористат сите капацитети коишто стојат на располагање. Мора да му се помогне на Прилеп, како и на цела Македонија, Тука нема место за политика, сега е време да се спасуваат животи“, заклучи Николоски изразувајќи уверување дека само со заеднички напори ќе се надминте кризата.