Во текот на вчерашниот ден имав едно обраќање во коешто ја анализирав состојбата во економијата, вкучително и го коментирав оној документ којшто пристигна од Меѓународниот монетарен фонд, а се однесуваше на одобрениот заем за Република Македонија, во вредност од 176 милиони евра. Истовремено во текот на вчерашниот ден добив многу телефонски пораки и многу телефонски јавувања со прашањето околу зголемувањето на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ, и одлучив за една од темите на коешто ќе биде денешново обраќање да биде токму тоа, односно математички да го објаснам на македонските граѓани зошто мислам негативните ефекти врз македонската економија предизвикани од пандемијата на Ковид 19 вирусот ќе предизвикаат драматично зголемување на јавниот долг во однос набруто домашниот производ, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање на Фејсбук.

Имено би започнал со краток приказ на макроекономските индикатори, коишто се транспарентно објавени на страницата на Министерството за финансии и Државниот завод за статистика, коишто велат дека во 2019 година БДП бил на ниво од 1 милијарда и 341 милиони евра или тој забележал бруто пораст од 3,6 %. Додека пак на почетокот од годината кога бил создаван Буџетот од Министерството за финансии се предвидено дека БДП во 2020 година ќе постигне ниво од 12 милијарди и 32 милиони евра или раст од 3,8 %. Имајќи го во предвид негативното влијание предизвикано од пандемијата на Ковид 19 вирусот, и негативното влијание во Европа и во светот, во македонската економија секако ќе предизвика негативни последици. Она коешто ММФ ни го кажа во текот на вчерашниот ден е нивната апроксимација дека падот ќе биде изразен отприлика околу 4% . Така што сега она првично сценарио што на почетокот одгодината Министерството за финансии го изработи за раст од 3,6% е невозможен, туку апроксимацијата на ММФ е некаде околу 4%. Врз основа на таа апроксимација и негативното влијание на дефлаторот си дозволив да изработам отприлика вредност од 11 милијарди евра на бруто домашниот македонски производ на крајот од 2020 година.

Во овој момент јавниот долг на 31.12.2019 година изнесувал 5 милијарди и 541 милиони евра и тоа е податок којшто Министерството за финасии го објавува на својата веб страница, односно тој изнесува околу 48,9% – 49% од БДП на македонската економија.

Понатаму на 1 април оваа година, ресорниот министер, министерката за финасии имаше прес конференција во којашто ја запозна македонската јавност дека подготвуваат одговор на три можни сценарија. Имено Сценариото број 1 опфаќа намалување на приходите за 20%, што би значело дополнителни 700 милиони евра дефицит, на оние веќе планирани 300 милиони евра или тоа би значело зголемување на јавниот долг во однос на БДП на ниво од 59,5% или оптрилика нешто повеќе од 10% во однос на состојбата во којашто сега се наоѓа, на крајот од 2020 година.

Сценариото број два, предвидува пад на приходите во буџетот од цели 30 проценти или дефицит од прилика од една милијарда евра. Кога на тие веќе една милијарда евра ќе се додадат 300 милиони евра тогаш доаѓаме до зголемување на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ од 61 процент или дополнителни отприлика 12 проценти во однос на тоа која што била состојбата на 31 декември 2019-тата година.

И третото сценарио, тоа е сценариото каде што е предвидено пад на приходите во буџетот од 30 проценти, или зголемување на буџетскиот дефицит од една милијарда и 300-тини милиони евра и на тоа кога веќе ќе се додадат планираните 300 милиони евра, доаѓаме до зголемување на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ на ниво од 63,7 проценти.

И сето ова кое што е предвидено во сценаријата предвидува надворешно финансирање на буџетскиот дефицит, без да опфатиме надворешно финансирањекое што е неопходно, да и се помогне на економијата и да се помогне на стопанството, да компаниите останат живи, а да вработените останат вработени во тие компании.

Она што ние го предвидуваме, а тоа е дека неопходно на стопанството ќе му бидат потребни отприлика 4,5 проценти од бруто домашниот производ, практично тоа е помош на македонската економија директно би требало да биде обезбедена од надворешните финасиери што би значело дека во првото сценарио со намалување на приходите од 20 проценти ќе имаме отприлика зголемување на јавниот долг на ниво од 64 проценти, во второто сценариот ќе достигнеме јавен долг од 65,5 проценти, и додека во третото сценарио ќе имаме намалување од 40 проценти од приходите во буџетот, ќе достигнеме ниво од 68,2 проценти.

И тоа ги опфаќа само финансирањата на буџетскиот дефицит, и евентуалната помош кои единствено владата треба да обезбеди за поддршка на стопанството и на вработените од стопанството. Под претпоставка да немаме дополнителни надворешни задолжувањашто би ја поткрепиле ликвидноста во буџетот и ликвидноста на македонското стопанство за обезбедување на макроекономска стабилност.

Се надевам дека сега е малку појасно во однос на тоа кое што зборував, зошто ценам дека јавниот долг на крајот од годината може да достигне дури и износ од 70 проценти од бруто домашниот производ. Во текот на денешниот ден во попладневните часови ја проследив прес конференцијата на ресорниот министер, која што се однесуваше на објаснување на кои компании можат да ја користат помошта од владата, таму некаде после 15-ти мај односно, за нешто повеќе од еден месец од денеска, при тоа оставајќи го комплетно македонското стопанство два месеца на милост и немилост самото да се снаоѓа како знае и умее.

Она кое што можев денеска да го видам е различно од онаа првична уредба која ја донесе министерството за финансии преку владата, а владата ја усвои, и она што можев денеска да го видам дел од мерките кои што министерството за финансии ги има прифатено од уредбата која што ВМРО-ДПМНЕ преку министерот Наќе Чулев ја достави до владата, а техничкиот премиер Оливер Спасовски одби да ја стави на дневен ред.

Имено, што опфаќаше таа уредба, опфаќаше периодот кога се обврзани работодавачите да ги задржат вработените до септември се намали до јули, понатаму втората мерка која што ја предвидувавме е зголемување на опфатот на компании кои што можат да ја користат оваа уредба гледаме дека тоа го презентираше денес ресорниот министер и она кое што прсктично е можеби најважно е кога велевме ние дека најголемиот дел од компаниите доделиле определена награда, бонус, или пак распредлиле дивиденда на почетокот од оваа година и тие истите не можат да ја користат евентуалната помош од владата, видовме денеска дека владата практично одлучила да не додели помош на оние компании кои што евентуално ќе доделат дивиденда, добивка или бонус во месеци април и мај што е практично и не возможно имајќи во предвид состојбата во која што се наоѓа македонската економија.

И добро е што овие три работи ги прифатиле, но еве ја користам оваа прилика да апелирам до нив да прифатат и дополнително други три работи, а тоа е да го напуштат принципот да овие средства кои што како помош ќе и бидат доделени на македонската економија да македонската економија следната 2021 година ги врати како прво. Како второ да го вклучат и месец март затоа што месец март е исклучително тежок од аспект на шокот кој го претрпуваат компаниите како резултат на негативните ефекти од пандемијата и третата работа нека ја релаксираат фискалната политика бидејќи сето ова кое што го прават сега навистина влијае негативно и не е доволно за македонската економија и за реалниот сектор за да може да ги истрпи на нозе сите овие негативни ефекти кои што се резултат на оваа пандемија.

Така што она кое што сакам да го апелирам до македонската влада, добро е што конечно почнувате да слушате, напуштете ја до крај онаа ваша примитивна надменост и прифатете ги мерките кои што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ, кои што ги нуди бизнис заедницата, кои што ги нудат граѓаните и еве донесете трет сет на мерки бидејќи овој вториот ви беше толку забележителен што никој не го забележа, па така еве бидејќи во текот на вчерашниот ден ме критикувавте еве ќе се корегирам донесете веднаш трет сет на мењрки кои што ќе бидат неопходни за справување со негативните ефекти од јули месец понатаму.

Сосема на крај, ќе ми дозволите да исто така го истакна оној кронизам кој што започнува да се имплементира во македонската економија и во македонската политика а неговиот вовед беше со барање на Стопанската комора за зголемување на акцизата на нафтените деривати за дополнителни денара, начин на кој што дополнително ќе се обезбеди ликвидност на буџетот, навистина нешто незапаметено и навстина нешто чудно кога компаниите самите бараат да се зголемат трошоците, а тоа индиректно, па и директно да имплицира зголемување на цените на продуктите и зголемување на центите за граѓаните, а финално тоа би значело и намалување на куповната моќ на самите граѓани.

Навистина овој кронизам на македонската политичка сцена и во македонската економија за нас како ВМРО-ДПМНЕ, за мене како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е не прифатлив.

Сосема на крај ќе му дозволите уште една реченица да упатам до онаа мала група на луѓе кои што ги гледаат и ги анализираат овие мои видео обраќања и кои што се обидуваат со ниски страсти истите да ги омаловажат, на почетокот ме игнориравте, за да потоа ме омаловажувате а денеска ме навредувате, ама јас ќе ве победам. А послен победата ќе ви покажам како се сака и како вредно и честито се работи за Македонија.

За граѓаните последен апел, Ве молам почитувајте ги препораките кои што Светската здравствена организација ги препорачува, останете дома, почитувајте го тоа бидејќи единствена наша заедничка цел во овој момент е како да се справиме најпрво здравствено со оваа пандемија која што не затече, а потоа здрави луѓе, здрави граѓани, знаат со правилно водство како да ја извадат државата од оваа економска криза.