Денеска што ни се предлага, а требаше да биде два денари за зголемување на акцизата за безоловните горива и за дизелот сега од денеска дека всушност не два денари туку три денари требало да биде зголемен  е класичен пример кога еден мал круг на бизнисмени кои што се роднински или пријателски поврзани со партијата или семејството на власт како што е во случајот во Македонија  успеваат за себе да на грбот на граѓаните да обезбедат привилегии“, истакна Мицкоски-во вестите на „Алфа“.

Мицкоски додаде дека СДСМ ова што сега го прави ги потсеќа граѓаните на  оние тажни времиња  во 90-тите години, онаа транзиција во која што голем број на наши сограѓани навистина не би сакале да се сеќаваат.

„И ова не е решение за проблемот на буџетот, ова не е решени за проблемот на македонската економија, напротив ваков тип на мерки се сосема спротивни на она што го збореше семејтвото на власта или партијата на власт во Македонија. Се сеќавате тога Зоран Заев  велеше дека нема да бараме пари внатре во Македонија, туку ќе бараме пари надвор. Сега не само што не бараме надвор, не само што не сме кадарни за обезбедиме пари надвор и не само што не сме кадарни да обезбедиме пари од внатрешната ликвидност која што сеуште е постојна во нашата држава, туку директно се удира по џебот на граѓаните. И како го правдаат тоа, тоа  го правдаат со тоа што цената на нафтата и нафтените деривати на светските берзи опаднала. Па добро денеска опаднала, еве денеска стигна вест која што ја пренесоа сите светски медиуми дека е постигнат договор за намалување на производството на нафтата со што автоматски ќе значи зголемување на цената на нафтата на светските берзи. Тогаш уште ќе остане ниска цената? Видете, наместо во овие тешки моменти, кога граѓаните се во самоизолација, кога се во изолација, кога важи ограничување на движењето на граѓаните, кога голем дел нашите сограѓани немаат примено плата или голем дел од нашите сограѓани имаат примено минимална плата со која што едвај од први до први ќе го скрпат месецот. Наместо да ја искористиме поволната прилика со нафтата и нафтените деривати и да апелираме до трговците да ги намалат цените, ние што правиме? Ние апелираме сосема спротивно. Значи семејството на власта, партијата на власт апелира сосема спротивно. И вели зголемете ја цената на нафтата затоа што еве таа е сега премногу ниска и ние на тој начин ќе прибереме повеќе пари во буџетот. А, од друга страна не сакаат да се откажат од би рекол непродуктивните трошоци, партиски вработувања, не сакаат да се откажат од договорните услуги, сето тоа не важи, тоа не е доведено сега во предвид, туку ајде ќе удриме најдиректно по џебот на граѓаните“, додаде Мицкоски