Во неможност да одговорат со аргументи СДСМ и Заев во нервоза пробуваат да ме дискредитираат со етикетата “лажни вести”. Така им е најлесно. Се додека,, лажните вести” не станат вистина, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, откако претходно менаџментот на Иловоца ги потврди наводите на Николоски за поврзаност во сопственоста со фирма од Кајманските острови.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме целата објава на Николоски:

Со години објавувам за криминалите и злоупотребите како и неостварените ветувања на власта.

Во неможност да одговорат со аргументи СДСМ и Заев во нервоза пробуваат да ме дискредитираат со етикетата “лажни вести”. Така им е најлесно. Се додека,, лажните вести” не станат вистина.

„Лажна вест” беше ставањето на Македонија во иста група со Албанија за ЕУ интеграција, „лажна вест” беше дека Заев нема да добие датум за почеток на преговори, “лажна вест” беше дека на контроверзниот бизнисмен Дака му изгласаа ДУП од 200 милиони евра со сомнителен капитал од Панама.

И Иловица и сопствеништвото од Кајмански Острови беа “лажна вест” ама до денес! Денес како и сите останати се потврди дека се вистина, самите од фирмата го признаа тоа што со недели говорам.

До потврдата на следната лажна вест…, пишува Николоски во својата објава.

Со години објавувам за криминалите и злоупотребите како и неостварените ветувања на власта.

Во неможност да одговорат…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Tuesday, January 5, 2021