Услов без кој не може да се оди на лидерска средба е определување на датум за предвремени избори, категоричен е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој посочи дека без датум за предвремени избори не може ништо друго да поминеме во Собранието без разлика дали експертските групи ќе се согласат или не.

„За да седнеме на една таква лидерска средба мора прво овие прашања да се затворени и затоа работните групи ќе разговараат. Доколку успеат да постигнат напредок, спремни сме на една лидерска средба да разговараме за предвремени парламентарни избори, потенцираше Николоски во интервју за Канал 5.

Работните групи од власт и опозицијата треба да се сретнат за Законот за јавно обвинителство и за пописот.