Вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од утре ќе ја блокираат наплатата на паркингот ако не им се врати повластената цена за перкирање.

Огромен дел од медицинскиот персонал вработен во Клиничкиот центар денеска времето за пауза го искористија за протест поради поскапување на паркингот за вработените. Како што најавија, нема да отстапат од нивните барања, и ќе продолжат со протест се додека не биде повлечена одлуката.

Вработените се против вчерашната одлука на Град Скопје да го поскапи паркирањето за персоналот на скопските клиники од 350 на 800 денари, за кои велат дека влијаат на нивниот буџет.

Градоначалникот Петре Шилегов, одлуката ја образложи со објанување дека со истата ќе се реши сообраќајниот хаос бидејќи се издадени 1.500 месечни карти, за кои вработените плаќаат повластени 300 денари, во услови кога на паркингот има 670 места.

Претходно и министерот за здравство Венко Филипче побара од градоначалникот Шилегов да ја повлече одлуката за двојно зголемување на цената на паркингот.