Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Герберих, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија, Галовеј, и амбасадорот на Кралствто Холандија, Пломп.

„Ние како опозиција гласно ќе се бориме за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението потпишано од Независната парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ.

„На средбата беше искажана нивна силна поддршка за нашите заложби да бидеме дел од понатамошните реформски процеси преку законски решенија, земајќи активно учество во нивно изготвување и подобрување. На средбата беше разгледана актуелната состојба, како и многу идеи за понатамошна соработка“, пишува во соопштението.