Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје. При првиот налет на невремето паднаа и дрвја, од кои едно врз автомобил во движење, информираат од Центарот за управување со кризи.

Едно од дрвјата во населба „Мичурин“ во Аеродром, падна врз автомобили и на еден во движење, среќа само на задниот дел на автомобилот во движење, појаснуваат од ЦУК.

 

Како што соопшти УХМР, нестабилно време нѐ очекува и во текот на утрешниот ден.