Ковачевски ја лаже јавноста, Шолц не кажа дека нема да има нови условувања од страна на Бугарија, туку изрази свое мислење дека не треба да има. Тоа не се никакви гаранции, како што зборува СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата сметаат дека Ковачевски се бламира на јавна сцена, и единствено што прави е тоа што ја срами Македонија.

Шолц и било кој политичар во Европа може да гарантира за себе, но не и за сите држави, и европски институции. Гаранција од ЕУ институциите немаме.

Гаранциите на Ковачевски се само сеење ветер и магла, како што беа тие за договорот од Нивици, па сега гледаме како Македонија на официјалната страна на владата на Германија е ословувана како Nordmazedonien. Ковачевски и Османи да кажат која е таа земја, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.