Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој е актуелен во јавноста откако стана сопственик на дел од деловниот центар Соравиа, пари добивал директно и од државата, односно од Фондот за иновации и технолошки развој, објави порталот МКД.

На јавниот „конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под инструментот за поддршка кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст“ на Фондот за иновации и технолошки развој од 10 мај 2022 година две фирми на Дрин Ахмети добија пари за кофинансирање на иновации.

р

Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра (1.989.998 денари) за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“.

На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 3.102.998 денари (50.000 евра) запроектот „Daтa management Efficiency System).

е

Од фотографии по социјалните мрежи може да се види дека Фестим Халили, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој е во блиски односи со семејството Ахмети.

На фотографијата се и Бесијан и Фикрет Ахмети и директорот на ФИТР Фестим Халили

                        

Дрин Ахмети стана познат на македонската јавност по објавување на договорот за купопродажба на бизнис центарот Соравиа во Скопје. Тој на споменатата конференција за медиуми рече дека сопственоста на 39 отсто од акциите на бизнис центарот Соравиа (15.000 квадрати деловен простор во центарот на Скопје) благодарејќи на неговите претприемачки вештини и целосната идеја за спроведување на овој купопродажен договор.

 

На 31 мај 2019 година фирмата Еверест ЏД на Дрин Ахмети добива концесија за изградба на мала хидроелектрана на Бачишка Река. Концесијата е на 23 години за изградба на хидроцентрала со моќност од 387 kw, а предвидената инвестиција е 1,2 милиони евра.

Бесиjан Ахмети, вториот внук на Али Ахмети, кој денес е прв секретар на амбасадата во Брисел, беше сопственик на Еверест ЏД, заедно со брат му Дрин. Еверест ЏД има концесија за експлоатација на варовник доделена од Владата на СДС и ДУИ во 2006 година. Бесиан Ахмети излегува од сопственичката структура на Еверест ЏД, која има концесија над рудник за варовник, и се вработува на работно место помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали во Министерството за економија. Ова значи дека Бесиан Ахмети како службеник задолжен за мониторинг над концесиите за минерали, бил надлежен за спроведување на коцесијата за варовник од неговиот брат Дрин Ахмети, истата концесија која претходно и тој ја поседувал.

Потоа станува и прв секретар во македонската амбасада во Брисел.


Извор: МКД.мк