Повикувајќи се на свои неименувани извори, германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ денеска пишува дека на седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори на Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“.
Со тоа, канцеларката застана јасно наспроти својот коалициски партнер – СПД, која се залага за гласање (за датумот, н.з.) во Европскиот совет веќе на 18 јуни. Државниот министер (во германското МНР, н.з.) Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на ‘отворни уши’ кај ЦДУ и ЦСУ. Македонија постигна согласност со Грција за промена на името, меѓу другото и за да го отвори патот за преговори за приклучување во ЕУ“, пишува денеска влијателниот „Зиддојче цајтунг“, а пренесува Дојче Веле.
Ако не добиеме датум во јуни или јули, премиерот најави дека во игра се сите опции: избори, реконструкција или пак целосно нова влада.
Доколку се оди на предвремени избори , тогаш потребно ќе биде 100 дена пред изборите владата да ја води технички премиер на предлог на власта, а опозицијата да добие министри во неколку клучни ресори како МВР, информатичко општество, труд и социјала и земјоделие.
Доколку се оди на избор на нова Влада тоа значи дека Заев ќе го врати мандатот кај Пендаровски, по што претседателот го доделува мандатот на партијата која има најмногу пратеници во Собранието.
Comments are closed for this post.