Братот и мајката на Ел Чека денеска биле нападнати пред почетокот на протестите објавуваат албанските медиуми.

Весникот Лајм објавува дека имало неколку инциденти и дека во едниот била повредена и мајката на Ел Чека.  Таа за весникот тврди дека била нападната од блиски луѓе на Али Ахмети.

Во меѓувреме како што пренесуваат албанските медиуми бил нападнат и братот на Ел Чека.

Како што јавуваат албанските медиуми на местото на инцидентот интервенирала полицијата, а нападот се случил пред пристигнување на репортерските екипи.

Протестот започна во 14 часот.