Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара детална истрага за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за нејзината релација со двајцата обвинети во случајот „Рекет“.

Тој на денешната прес-конференција истакна дека ВМРО – ДПМНЕ нема да прифати обвинителите од СЈО да се приклучат на Обвинителството за организиран криминал, а Катица Јанева да биде унапредена за две скалила во републички јавен обвинител, со оглед на тоа што доаѓа од основно јавно овиниелство.

„Тоа би било голема неправда до сите останати обвинители во државата“, порача Мицкоски.

Според законското решение што го изготвува ВМРО-ДПМНЕ, се предлага сите обвиниели од СЈО да се вратат во матичните обвинителства, но и да се истражи инволвираноста на обвинителите во аферата „Рекет“ и  релаициите на Јанева со двајцата осомничени кои се во притвор како и на високите функционери од СДСМ.

Бара и детална истрага за директна или индиректна поврзаност на останатите обвинители.

„Потребна е детална истрага за срамниот случај Рекет, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, нејзината релација со осомничените и определени псевдоними, истрага и за директната или индиректна вмешаност на сите обвинители кои беа нејзини помошници. Потребна е детална проверка на сите помошници односно соработници на Катица Јанева по оваа проверка тие можат да конкурираат како и сите други обвинители за новото Обвинителство, изјави Мицкоски на прес конференција.

Тој предлага и сите предмети од СЈО од 2016 да ги преземе Републичкото Јавно Обвинителство  во фаза во која што се односно државниот Јавен Обвинител и истите да ги прераспредели согласно советите на експртската јавност онаму каде припаѓаат , да се почитува принципот на супординација во рамките на едно обвинителство, а тоа е државното Обвинителство,  појасни Мицкоски.

Како четврто тој рече дека предлогот на СДСМ со кој се предвидува финансиска независност само на новоформираното обвинителство, е навреда, како што рече, за останатите обвинители.

„ВМРО-ДПМНЕ предлага финансиска независност на целокупнато државно обвинителство“, посочи Мицкоски.

Дополнително ВМРО-ДПМНЕ предлага одговорност за покренување неиздржани обвиненија. При тоа, посочува, штетата ќе треба да ја плати обвинителот кој ги покренал.

„Не можеме да се согласиме на формирање уште еден монарх, доколку обвинител под политичко влијание, или од друго мотивиран, покрене обвинение или судски процес, а при тоа се констатира дека тоа обвинение не било издржано и се нанесе штета на угледот и се бара надомест на штета преку судска постапка, обвинителот и таа штета да ја надомеси а не да се надоместува од паричниците на граѓаните “, рече Мицкоски.