Воениот полигон во Криволак беше домаќин на најголемата воена вежба „Одлучен удар“. Учество земаа пет земји членки на НАТО, САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора и македонската армија како претендент за членство.

На Криволак грмеше и од земја и од воздух. Од небо надлетуваше хеликоптерот МИ-18 кој гаѓаше цели на непријателски позиции. Спасување на заробеници симулираа транспортерите Хермелин и Страјкер и извлекување од линијата на огнот со чадни бомби.

На воената вежба присуствува и претседателот и врховен командант на армијата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министри во Владата, в.д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер-Блум, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на САД, Бугарија, Албанија, Грција и НАТО, како и амбасадори и одбранбени аташеа акредитирани во земјава.