Вицепремиерот Бујар Османи по следните избори најави дека ќе го почитуваат принципот победник со победник. Тој во интервју за косовскиот весник „Експрес“ објаснува  ДУИ ќе формира коалиција со македонската партија која победи на изборите на 12 април, без оглед дали станува збор за ВМРО Дпмне или СДСМ.

Но, Османи како да заборави дека токму ДУИ не го почитуваше овој принцип за изборите во 2016 година. Тогаш иако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беа партиите од македонскиот и албанскииот блок кои освоија најмногу гласови и требаше да формираат влада, ДУИ одлучи да коалицира со поразениот, во случајот СДСМ.