Пријавен е само еден физички напад од непознато лице врз И.Г. кому му била укажана помош, други пријави за физички напад на „Скендер бег“ на вчерашниот протест нема. Ова го соопштува денеска МВР откако вчера семејството на Ел Чека, познат по „бомбите„ што ги објавува, излезе на протест и обвини дека било нападнато.

Апелираме, доколку има сторено било какво дело врз безбедноста и сигурноста на било кој граѓанин, тоа да го пријави во најблиската полициска станица, врз основа на што МВР според професионалните стандарди ќе преземе соодветни мерки за расчистување на случајот, како и во било кој друг случај, велат денеска од МВР за случајот.

Семејството на Ел Чека познат по „бомбите“ вчера излезе на протест и обвини дека биле нападнати од Исмет Гури, дека на протестот им била скината фотографија од малиот Алмир и оти биле турнати.

Од друга страна, Исмет Гури за Алсат изјави дека тој бил жртвата. Раскажал дека додека купувал цигари некој го удрил од зад грб и го оставил во безсознание. Потоа, како што вели Гури, полицијата интервенирала да го заштити него од толпата и бил испратен во болница.